Емил Рајковиќ стана тренер на познат руски клуб

Емил Рајковиќ е нов тренер на руски Автодор од Саратов. Поранешниот предводник на Фени индустри, Работнички, на кратко и на МЗТ Скопје, преку Полска и казахстанскаta Астана, се етаблира на Истокот, а во 2019 година беше и тренер на годината во ВТБ-лигата, која е една од петте најсилни во Европа.

„Задоволни сме што потпишавме договор со млад, но истовремено и искусен тренер кој три години има работено во ВТБ-лигата. Емил 24 часа на ден живее за кошарката, неговата листа на успеси и трофеи говори сама за себе“, изјави претседателот на Автодор, Владимир Родионов.

Најпознат актуелен кошаркар на Автодор за нашата јавност е хрватскиот репрезентативец Жељко Шакиќ. Во стручниот штаб на Рајковиќ, еден од помошниците ќе му биде Марко Величковиќ, со кого соработува уште од времето кога беа во Работнички, пред седум-осум сезони.

- Оглас -

Најнови вести