Голманот на Астон вила, Емилијано Мартинес, не ја криеше радоста по победата од 3-0 во финалето на Лигата на Европа против Фрајбург. Светскиот шампион со Аргентина изјави дека нема загубено финале во својата кариера.
„Неверојатно, немам многу што да кажам. Игравме фантастично, покажавме одлични квалитети. Играме заедно многу години, одлично се познаваме и бевме перфектни. Тие се тим кој игра човек на човек, но ние имаме многу добри играчи кои одлично ја задржуваат топката. Мислам дека одигравме многу добро во дефанзива и тоа беше фантастично“, изјави Мартинес.
„Јас немам загубено финале во кариерата од денот кога освоив трофеј со Аргентина. Гордо е чувството да бидам тука со овие играчи. Ќе умрам на теренот, но ништо не е поважно од победата“, додаде чуварот на мрежата на англискиот тим.

