Беше голема желба на Барселона, но следната сезона ќе игра за Реал Мадрид

На крајот од оваа сезона завршува договорот на Бернардо Силва со Манчестер сити и јасно е дека нема да биде продолжен. Долго се шпекулираше дека желба на Португалецот е да ја продолжи кариерата во Барселона, но се чини со доаѓањето на Жозе Мурињо за тренер на „кралевите“ – се случил пресврт.

Сега Португалецот сака да игра за Реал Мадрид и се чини дека желбата ќе му се оствари, бидејќи исто го посакуваат и од таборот на „кралевите“, па Жозе Мурињо ќе добие сонародник во составот.

Бернардо Силва во Манчестер сити пристигна во 2017 година од редовите на Монако за сума од 50 милиони евра, а во дресот на „граѓаните“ настапи на 479 натпревари со ефект од 76 гола и 77 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести