Емотивна изјава на тренерот на Борац по победата над Будуќност: Ова ми се најтешките моменти во животот

Тренерот на Борац Чачак, Дејан Мијатовиќ, емотивно ја доживеа победата над Будуќност од 85:87 со која српскиот тим избори бараж за опстанок во АБА лигата и го испрати МЗТ Скопје во АБА2 лигата. Борац мораше да го победи Будуќност, од кого загуби во претходните четири меѓусебни средби, и вчера успеа да изненади и да слави.

„Не знам колку ќе бидам во состојба да давам изјави. Верувајте ми, ова се најтешки две три недели во мојата кариера. Првично бидејќи сум роден во Чачак, кој како град на кошаркарка, носи голема одговорност да се седи на клупата на Борац“, изјави Мијатовиќ.

Со победата, Борац обезбеди бараж натпревар за опстанок во регионалното натпреварување, додека МЗТ Скопје испадна од АБА лигата поради послабниот меѓусебен скор.

- Оглас -

Најнови вести