Будуќност до вечерва секогаш го победуваше Борац со просек од 13 разлика, но вечерва загуби и МЗТ испадна од АБА лигата

Борац Чачак успеа да се избори да не испадне директно од АБА лигата откако победи на гости кај Будуќност во Подгорица со 87:85. Со овој триумф, Борац стигна до седум победи, колку што има и МЗТ Скопје Аеродром, но македонскиот првак е последен поради послаб биланс во меѓусебниот дуел.

Будуќност е познат како еден од најдобрите екипи кога игра на свој терен, па така до денешниот меч, во АБА лигата во „Морача“ имаше 10 победи и пораз само од Црвена ѕвезда. Кога се работи за дуелите против Борац, во овие три сезони во АБА лигата, играле шест пати, а тимот од Чачак вечерва прв пат победи.

Пред само четири месеци, Будуќност победи во Чачак со убедливи 29 поени предност. Пред само една година, односно на 11 април, Будуќност во Подгорица славеше над Борац со 24 разлика (97:73), а ако се пресметаат и победите на останатите три средби, во просек црногорскиот тим победувал против Борац со 13 поени разлика!

Така беше се до вечерва, кога Борац направи ЧУДО и славеше во Подгорица, па Македонија остана без член во АБА лигата за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести