Емполи и Сасуоло играа за мерак на навивачите, дадоа дури седум гола

Екипите на Емполи и Сасуоло на најдобар можен начин „го најавија“ најголемото дерби во Серија А, популарното Дерби на Италија меѓу Јувентус и Интер, играјќи го најефикасниот меч во 13-то коло.

На стадионот „Карло Кастелани“ во Емполи, двата тима одиграа за мерак на навивачите давајќи седум гола, а бодовите на крајот ги освои Сасуоло славејќи со 4:3.
Гол-шоуто започна уште во третата минута кога Емполи преку Капуто поведе со 1:0, но одговорот дојде експресно. Прво Пинамонти во деветтата минута го израмни резултатот, а Матеус Енрике во 20-та погоди за 1:2.

На паузата се замина без предност бидејќи Фазини во 25-та минута ја затресе мрежата на Сасуоло.

Гостите во 66-та минута повторно поведоа преку Берарди, а Коваленко во 86-та минута погоди за 3:3. Трите бода, Сасуоло ги освои со вториот гол на Берарди и тоа во 92-та минута.

Фросиноне со гол во 94-та минута на Монтериси, ја совлада Џенова со 2:1.

- Оглас -

Најнови вести