Емполи со гол во 93-тата минута успеа да обезбеди опстанок во Серија А (Видео)

Фудбалерите на Емполи со драматичниот триумф над Рома успеаја да обезбедат опстанок во Серија А.

На Емполи му беше потребна победа над Рома за да го прескокне Фросиноне кој загуби од Удинезе со 1:0, и до триумфот дојде со гол во 93-тата минута. Херој на Емполи беше Мбаје Нианг.

 

Емполи сезоната ја заврши со 36 бода и во Серија Б го испрати Фросиноне кој освои еден бод помалку, а вечерва загуби од Удинезе со 1:0.

Емполи поведе во 13-тата минута со голот на Канчелиери, додека Рома во последните моменти од првото полувреме израмни преку Ауар.

 

Фудбалерите на Интер од порано ја освоија титулата, во последното коло во Серија А одиграа 2:2 на гостувањето кај Верона.

Нераѕурите не успеаја сезоната да ја завршат со троцифрен број на поени, застанаа на 94 бода, а за тоа колку беа доминантни во Серија А најдобро покажува податокот дека второпласираниот Милан освои 75 бода.

Марко Арнаутовиќ во десеттата минута го отвори резултатот, но Верона успеа да направи пресврт за 20 минути, резултат кој на крајот се покажа како конечен. Во судиското продолжение постигна гол, но беше поништен поради офсајд.

Прво, Нослин во 16-тата минута израмни на 1:1, а Суслов во 37-та и донесе водство на Верона.

Во последните моменти од првиот дел, Марко Арнаутовиќ го постигна својот втор гол на мечот за 2:2.

По последното коло, иако треба да се одигра уште заостанатиот меч меѓу Аталанта и Фиорентина, познати се сите екипи кои ќе играат во европските купови и кои ќе испаднат.

Во Лигата на шампионите ќе играат Интер, Милан, Јувентус, Аталанта и Болоња, во квалификациите за Лигата на Европа ќе играат Лацио и Рома, а во квалификациите за Лигата на конференции ќе игра Фиорентина, која ако победи во финалето во Лигата на конференции, следната сезона ќе игра во Лигата на Европа.

Од Серија А испаѓаат Фросиноне, Сасуоло и Салернитана.

- Оглас -

Најнови вести