Енди Керол не сакал да игра за Ливерпул и се молел да не ги мине лекарските прегледи

Енди Керол кој во 2011 година стана најскапиот фудбалер на Ливерпул, откако од Њукасл замина за 35 милиони фунти, сега открива дека всушност и не сакал да си замине од кај „чавките“, па потајно посакувал во тој јануарски ден да не ги мине лекарските прегледи во Ливерпул.

Керол кој има 31 година, сега повторно е во Њукасл, а истиот ден кога стана член на Ливерпул, потпис стави и Уругваецот Луис Суарес кој дојде од Ајакс, додека Фернандо Торес замина во Челзи.

„Во тоа време бев повреден и цело време си велев дај боже да не ми минам лекарските тестови. Не сакав да си одам од Њукасл, само што имав купено куќа и мачка. Но, ми рекоа дека немам избор и дека мора да одам. Уште од моментот кога заминав во Ливерпул, посакував да се вратам во Њукасл. Знаев дека еден ден, без разлика на годините, ќе бидам повторно тука и повторно ќе играм за Њукасл“ – вели Керол.

- Оглас -

Најнови вести