Енигма – Србите објавија видео од пијан човек, тврдат дека е Никола Јокиќ (Видео)

Видеото што го објавија српски медиуми на човек што многу личи на Никола Јокиќ, а во пијана состојба стана вирално на социјалните мрежи.

Неколку српски медиуми тврдат дека станува збор за најкорисниот кошаркар во НБА лигата, признание што Јокиќ го доби за извонредните игри во регуларниот дел од сезоната.

На видеото што веднаш стана хит не може точно да се утврди дали станува збор за Јокиќ, бидејќе е снимен од зад грб.

Јокиќ го навлече гневот на јавноста во Србија, откако го откажа настапот за репрезентацијата на квалификацискиот турнир за настап на Летните Олимписки Игри, а Србија без него не успеа да се пласира за настап во Токио, откако загуби од Италија во финалниот меч.

 

- Оглас -

Најнови вести