Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, поради повреда на коленото ќе ги пропушти претстојните контролни натпревари против БиХ и Турција.
Барди се појави на собирот на националниот тим, но по извршените медицински прегледи, беше утврдено дека не е во можност да му се стави на располагање на селекторот Гоце Седлоски за дуелите со Босна и Херцеговина на 29 мај во Сараево и Турција на 1 јуни во Истанбул.

