Енис Барди станува Галактичар?

Македонскиот фудбалски репрезентативен плејмејкер, Енис Барди, по завршувањето на сезонава ќе си замине од Трабзонспор, но нема да има недостаток од понуди за продолжување на кариерата.

Се шпекулира дека сериозен интерес за Барди има од американскиот тим Лос Анџелес галакси.

Во моментов дресот на Галакси го носат неколку познати имиња кои играле во Европа како Даглас Луиз, Хавиер Ернандес Чичарито, Мартин Касерес, Рики Пуиг, а во минатото дресот на овој клуб од МЛС лигата го носеа и мега ѕвезди како Дејвид Бекам и Златан Ибрахимовиќ.

Засега не е испратена официјална понуда за Барди, но американскиот клуб чиј директор е некогашниот американски репрезентативец со македонско потекло, Јован Кировски, тоа ќе го направи наскоро.

- Оглас -

Најнови вести