Енрике би останал вечно селектор на Шпанија, медиумите веќе го сменија и имаат три фаворити

Луис Енрике изјави дека има уште недовршена работа и дека би останал вечно селектор на Шпанија, но тамошните медиуми го критикуваат и веќе му бараат наследници.

Велат дека доживеал дебакл со елиминација на пенали од Мароко во осминафиналето на Мундијалот во Катар и имаат своја листа со можни наследници на Енрике.

Во Шпанија малкумина веруваат дека има било какви шанси Луис да остане селектор, па медиумите веќе објавија стартна листа со три фаворити, како можни замени за сегашниот кормилар на Црвената Фурија.

Прв на листата е Марселино Гарсија Торал, кој направи бум со Вилјареал, а потоа со Валенсија го освои шпанскиот Куп во 2019 година и лани со Атлетик Билбао го крена пехарот во шпанскиот Суперкуп.

Марселино го сметаа за еден од најдобрите фудбалски стратези во Шпанија, а моментно е без ангажман.

Втор фаворит, а и миленик на претседателот на шпанската федерација, Луис Рубијалес е Ернесто Валверде.

И Валверде како Марселино бил тренер на Вилјареал и Валенсија, потоа беше менаџер на Барселона, а моментно е кормилар на Атлетик Билбао.

Третиот кандидат за нов селектор на Шпанија е Луис Дела Фуенте, кој е мајстор за титули во младинските категории со Црвената фурија.

Во 2015 година ја предводеше генерацијата на возраст до 19 години до врвот на Европа, а со Црвената фурија има уште една европска круна.

Во 2019 година стана европски првак со младите Шпанци на возраст до 21 година.

На последните олимписки игри во Токио со Шпанија стаса до среброто, по поразот од Бразил во големото финале.

- Оглас -

Најнови вести