Енрике: Има само еден начин да ја победиме Италија

Италија и Шпанија вечерва во Милано ќе водат жестока битка за влез во финалето на Лигата на нациите. Историјата укажува на голема изедначеност, двата тима имаат по 11 победи во меѓусебните дуели, 16 пати било нерешено, но тоа што го фаворизира актуелниот европски првак се резултатите на домашен терен.

Италијанците во својата богата историја на свој терен играле 144 официјални мечеви и загубиле само трипати, последен пат пред 22 години. На „Сан Сиро“ Аѕурите не знаат за пораз. Покрај тоа, Италија е во серија од 37 меча без пораз (на 25 од тие 37 меча не примија гол и ниту еднаш не примија повеќе од еден гол), тоа е светски рекорд.

Но Црвената фурија им направи најголеми проблеми на Италијаците на патот до титулата на ЕВРО 2020. Роберто Манчини е загрижен од нападот, ќе фалат повредените Имобиле и Белоти. Од друга страна, шпанскиот селектор Луис Енрике смета дека има само еден начин да се совлада Италија, а тоа е да се наметне свој стил на игра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести