Севиља стигна до победа во вистински момент, совладувајќи го Реал Сосиедад со 1-0 на домашен терен и така се извлече од зоната за испаѓање на четири кола пред крајот на сезоната.
Севиља беше поконкретна во првите 20 минути, создаде неколку полушанси и се закани по прекини, а најопасен беше Чидера Еџуке кој неколку пати пробиваше по левата страна и создаваше проблеми за одбраната на Сосиедад.
Свој удар имаше и Гудељ, а потоа и Варгас со обид од далечина, но голманот на гостите Алекс Ремиро беше одличен и ја држеше екипата во игра.
Еџуке повторно имаше голема шанса во 44-та минута, но уште еднаш лошо реагираше во завршницата.
На стартот од второто полувреме Реал Сосиедад прв се закани преку Андер Баренечеа, кој можеше да донесе водство за гостите.
Решавачкиот момент дојде во 50-та минута кога падна единствениот гол. Алексис Санчес ја доби топката од Мопај и со силен удар ја погоди мрежата, без шанси за Ремиро.
Севиља продолжи да притиска и преку Варгас и Санчес пропушти уште неколку добри прилики, но резултатот остана само минимален, иако впечатокот беше дека домашните заслужија и поубедлива победа.

