Репрезентацијата на ДР Конго по 52 години се враќа на Светските првенство, откако единственото учество до сега го имаа во далечната 1974 година под името Заир. Сепак, плановите за подготовките за Мундијалот сега се нарушени од епидемијата на Ебола, која коси низ земјата.
Фудбалската федерација планираше да се тренира во главниот град на земјата, Киншаса, да има и отворен тренинг, па навивачите да имаат можност да ги испратат своите миленици на Мундијалот во САД. Сепак, сега подготовките ќе се одржат во Белгија, а селекцијата на ДР Конго ќе одигра и контролни натпревари против Данска и Чиле.

