Ја освои титулата и го сруши рекордот во Премиер лигата, но денес мораше да оди на училиште (Видео)

Макс Дауман со 16 години стана шампион во Премиер лигата и го сруши рекордот, но фудбалската јавност во Велика Британија е воодушевена од неговата скромност. Младиот фудбалер на Арсенал денес се појави на училиште, а доби и величествен пречек од учениците и наставниците.

16-годишниот фудбалер пристигна пред училиштето со школскиот ранец и мирно се упати кон училницата. Дауман е најмладиот фудбалер кој дебитирал во Премиер лигата, но и најмлад кој освоил титула.

 

- Оглас -

Најнови вести