Епилог од прославата на титулата во Неапол, еден убиен и 200 повредени

Фудбалерите на Наполи вчера со ремито против Удинезе (1:1) по пауза од 33 години, ја освоија титулата во Серија А, а навивачите цела вечер го прославуваа големиот успех и претераа во прославата, па радоста беше заменета со тага.

Епилогот од прославата на навивачите е еден загубен живот и околу 200 повредени луѓе на улиците во Неапол.

Според италијанската новинска агенција АНСА, 26-годишниот навивач на Наполи е еден од четворицата ранет во претстрелка која се случила на улиците во Неапол.
Весникот „Кориере дела сера“ пишува дека засега не е сигурно дали истрелите се дел од славењето на навивачите или станува збор за огнена престрелка меѓу криминални групи.

Според полицијата во Неапол, околу 200 лица се повредени за време на прославата, од рани направени со нож, до изгореници од петарди и напади на астма поради вдишавањето на чад од факлите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести