Ериксен најавил враќање на теренот за 4-5 месеци

Кристијан Ериксен имаше кошмарно Европско првенство откако капитенот на Данска во првиот меч против Финска доживеа срцев удар за време на првото полувреме. Брзата лекарска интервенција го спаси Ериксен, а Данецот потоа беше пренесен во болница, каде што му беше направена операција и целосно закрепна.

По неполни два месеци од срцевиот удар, Ериксен вчера се појави на тренинг на неговиот тим Интер, каде што имаше средба со соиграчите. Според италијанскиот весник „Кориере дело спорт“, Данецот им порачал на соиграчите дека за неколку месеци ќе се врати на теренот.

„Имав среќа. За 4-5 месеци ќе можам повторно да играм“, била пораката од Ериксен, кој сега има вградено дефибрилатор на срцето. Во Италија постои забрана за професионални спортисти да имаат такво помагало на срцето, па Ериксен ако сака повторно да игра на професионално ниво, ќе мора да најде нов клуб.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести