Ериксен нема да чека зелено светло од Серија А, спремен е да се врати на добро познато место

Кристијан Ериксен речиси сигурно нема да ја продолжи кариерата во Интер бидејќи строгите правила во Италија не дозволуваат Данецот да настапува додека го носи уредот кој му ја следи работата на срцето. Иако тоа му прави проблеми околу кариерата, се појави спас за него од ексклубот Ајакс.

Наводно Ериксен веќе започнал преговори за враќање меѓу Копјаниците, осум години подоцна од неговиот трансфер во Тотенхем. Да го користи дефибрилаторот и воедно да си ја врши работата, е дозволено во Холандија, таков е примерот со Дејли Блинд, токму играчот на Ајакс, па Ериксен ќе го следи неговиот пример.

Во период од три години Ериксен запиша 163 настапи за Ајакс со учинок од 32 гола и 65 асистенции и четири освоени трофеи, односно е трикратен првак на Холандија.

- Оглас -

Најнови вести