35.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Ериксен почнува нова кариера од необично место

Кристијан Ериксен се подготвува за трансфер во нов европски клуб откако се раздели со Интер и моментно тренира со швајцарскиот третолигаш Кијасо, во очекување на новата фудбалска дестинација каде што ќе ја продолжи кариерата.

Данецот имаше многу среќа на почетокот на Европското првенство, кога на дуелот меѓу Данска и Финска доживеа срцев удар и, за среќа, се спаси.

По периодот на рехабилитација му беше вграден дефибрилатор и тоа не му дозволува да игра во Италија, каде што законите не им дозволуваат на спортистите да настапуваат со вградено помагало.

Затоа дојде до разделба со Интер и сега Ериксен тренира блиску до италијанската граница, во областа Тичино во Швајцарија.

Третолигашот Кијасо прифати да му биде домаќин на данскиот репрезентативец и да му дозволи да тренира со тимот.

За Ериксен се шпекулираше дека е можно да се врати во Ајакс, клуб за кој настапуваше на почетокот на кариерата од 2010 до 2013 година, а најавено е дека за негов ангажман се заинтересирани и англиски клубови.

- Оглас -

Најнови вести