Ериксен со бомба го поништи смешниот автогол на Хандановиќ, мала минутажа за Елмас (видео)

Наполи го задржа Интер на реми од 1-1 во кое тимот на Џенаро Гатузо бараше победа со најмалку два гола предност за да го преземе четвртото место на табелата на кое стои Јувентус. Во дербито на стадионот „Диего Марадона“ заврши серијата од 11 првенствени победи на Интер, па лидерот во Серија А со девет бода предност влегува во последните седум кола.

Елиф Елмас ги одигра последните минути од дуелот, заменувајќи го Зјелински во 88-мата минута.

Голот на Наполи висеше во првите половина час кога гостите на двапати ја погодуваа рамката од голот на Мерет, па набрзо потоа следуваше казна пресликана во смешен автогол на Хандановиќ. Словенечкиот чувар на мрежата лошо ја прими топката нафрлена од Инсиње, па се судри со еден соиграч, по што Наполи се израдува на водечки гол во 36-тата минута.

Со цел да избегне евентуален трет пораз во Калчото, Интер разбрливо тргна фуриозно за што побрзо да израмни. Само 10 минути од второто полувреме му беа потребни на Ериксен со својот опасен шут од далечина да забие за 1-1, по што следуваше драма.

Ниедна страна не се задоволуваше со бод, Наполи се закани преку Политано, кој удри во гредата од голот на Интер, а како интересен момент се издвојува тој во 80-тата минута, кога судијата Довери прво досуди пенал за домаќините, но експресно ја смени одлуката во офсајд-позиција по сугестија на неговиот помошник.

https://twitter.com/EnElVar/status/1383873509877719044

Интер сега има 75 бода, девет повеќе од Милан, додека Наполи останува на петтото место со 60 бода, два помалку од Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести