Ериксен успешно опериран, но сега има друг проблем

На Кристијан Ериксен успешно му е вграден дефибрилатор што ќе му ја следи работата на срцевиот мускул, откако данскиот фудбалер колабираше на сред натпревар пред неколку дена во мечот против Финска на ЕП.

На играчот на Интер му застана срцето минатата сабота, по што оваа интервенција беше неопходна, но сега има друг проблем. Неговата кариера во италијанскиот првак е загрозена.

Законски во Италија не е дозволено фудбалер кој има вграден апарат да игра на професионално ниво. Процесот на добивање дозвола е многу комплициран, треба да се докаже дека ситуацијата на Ериксен е привремена, дека уредот ќе го носи одреден период и дека нема да се повтори сличен инцидент.

Инаку, данскиот фудбалер по денешната операција е пуштен на лекување во домашни услови, до наредните тестирања ќе чека 4 до 5 недели кои ќе ги направи во Милано за да се утврди неговиот напредок.

- Оглас -

Најнови вести