Ериксен: Жал ми е што Роналдо си замина, но факт е дека атмосферата во екипата е подобра

Манчестер јунајтед без многу проблеми со 3:0 го победи Нотингам форест во првиот меч откако од клубот си замина Кристијано Роналдо. Португалецот доби раскин на договорот, а според зборовите на еден од најискусните во екипата, Кристијан Ериксен, атмосферата во екипата сега е многу подобра.

„Жал ми е што Роналдо веќе не е дел од тимот, неговото име има посебен статус во Манчестер јунајтед. Мило ми е што имав можност во дел од кариерата да ја делам соблекувалната со него, но факт е дека сега сме во добра ситуација. Веднаш се почувствува дека атмосферата во екипата е подобра, се гледа дека системот функционира и дека сите играчи веруваат во тој систем. Тоа е многу важно“, вели Ериксен.

- Оглас -

Најнови вести