3401 Бањик Острава – Таборско (18.00 часот)
Ова е прв меч од полуфиналето во разигрувањето за место во чешката елитна лига, ќе има и реванш. Во лигашкиот дел од сезоната, Бањик беше на последното 16-то место на табелата во првата лига, додека Таборско го освои второто место во втората лига. Овие два клуба десетина години не играле меѓу себе, а квотите велат дека голем фаворит за победа е домашниот тим кој посакува опстанок во првата лига. Ова се два тима кои во последно време ретко играат нерешено, па типуваме на тимот од Острава.
Предлог тип: 1 & 2-4 (1.94)
2628 Еребро – Хелсингборг (19.00 часот)
Деветтото коло во шведското првенство носи дуел на овие два тима кои се во средина на табелата и со победа би се искачиле неколку места погоре. Еребро има три победи во досегашните осум меча, но само една во последните пет кола. Хелсингборг има еден бод помалку од Еребро и три кола по ред не знае за победа. Хелсингборг на трите гостувања сезонава прими дури 10 гола, а Еребро дома има просек од еден гол по меч.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.16)
1811 Гројтер фирт – РВ Есен (20.30 часот)
На овој реванш-дуел ќе се одлучува дефинитивно кој од овие два тима следната сезона ќе биде дел од втората, а кој од третата германска лига. Ова е реванш, првиот меч му припадна на Есен со 1-0. Оваа сезона Гројтер фирт беше во Цвајта и беше трети од долу во второлигашкото друштво, додека Есен беше трети во трета лига. Последните четири меѓусебни пресметки им беа со 0-2 гола.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.11)
1701 Сент Етјен – Ница (20.45 часот)
Еден од најтрофејните француски клубови посакува враќање во прволигашкото друштво и ќе има силна поддршка од трибините, но ќе мора да прескокне пречка која се вика Ница, тим кој беше 16-ти во првата француска лига и голем неуспех би било ако испадне. Сент Етјен беше трети во втората лига и се избори за двомеч со Ница, која ќе биде домаќин на реваншот за три дена. Ница пред четири дена играше и загуби финале во Купот на Франција. Овие два тима се сретнаа во декември во Купот, Ница како домаќин победи 2-1. Сент Етјен дома нема победа над Ница од декември 2019 година.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.70)
1290 Стјарнан – Викингур (21.15 часот)
Викинзите се најсилен тим во Исланд, имаат 22 бода по досегашнте осум меча во кои максимумот им беше 24 бода и гол-разликата дома на пет средби им е 19-3. Стјарнан добро ја почна сезоната, но освои само еден бод во последните пет кола. Овие два тима играа меѓу себе и пред еден месец, тогаш во Рејкјавик, и тој меч заврши 3-2 за Викингур.
Предлог тип: 2-2 & 2+ (2.45)

