Еспањол на маки, треба да бира меѓу резултати и маркетинг

Севилја и Есапњол одиграа 2-2 во првиот денешен меч од шпанската Примера, а еден од двата гола за гостите од Барселона беше дело на Ву Леи, кинескиот фудбалер кој придонесува за зголемена популарност на Еспањол во Кина. Но, статистиката вели дека играњето на Ву Леи е проблем. Кога не игра Кинезот, резултатите се подобри, но од друга страна, тој е втор стрелец во тимот.

На мечевите на кои играше Ву Леи сезонава, Еспањол нема победа, има само шест нерешени исходи и 13 порази. А, кога го нема Кинезот, Еспањол има четири победи и едно реми, без пораз.

Тренерот Абелардо е на мака, дали да игра Леи и мечевите на Еспањол да бидат гледани во Кина, или тимот да бележи добри резултати. Веројатно го бира второто, но не оди. Да биде проблемот по замрсен, Кинезот е втор стрелец во тимот со три гола, па не оди ни со него, ни без него.

- Оглас -

Најнови вести