Реал Мадрид со 4:1 го победи Еспањол во дуел од шестото коло на шпанската Примера дивисион. Мадридскиот гигант беше голем фаворит на свој терен, но на теренот дури во последните 20-тина минути го скрши отпорот на гостите од Каталонија.
Еспањол прв поведе и тоа со автоголот на голманот Тибо Куртоа.
Тоа како да беше знак фудбалерите на Реал Мадрид да се „разбудат“. Најпрво Дани Карвахал израмни на 1:1 во 58 минута, а комплетен пресврт се случи кога Родриго погоди за 2:1 во 75 минута.
Од тој момент постоеше само еден тим на теренот, па Реал до крајот погоди уште два пати и тоа преку Винисиус јуниор и Мбаше од пенал.