Екипите на Еспањол и Атлетико Мадрид одиграа фантастично реми, 3-3, иако кој и да победеше, немаше да биде незаслужено. Јорганџиите само по 46 минути игра имаа убедлива предност од 0-3 со погодоците на Нигес, Гриезман и Караско.
Кога сите мислеа дека Атлетико Мадрид ќе забележи убедлива победа, следуваше фантастична игра на фудбалерите на Еспањол, кои преку Монтес, Хоселу и Винисиус Соуса успеаја да стигнат до 3-3, но не и да направат комплетен пресврт.
На Еспањол не му оди во прилог ниту победата на Хетафе на гостински терен против Бетис од 0-1. На две кола до крајот на шпанската Примера, Еспањол останува на претпоследната позиција со 35 бода, три помалку од Ваљадолид, Кадис и Хетафе, а две од овие четири екипи следната сезона ќе се преселат во понизок ранг, односно во Сегунда.