Есперанс постави рекорд на Светското клупско, а навивачите правеа хаос (Видео)

Есперанс го растури Ал-Сад со 6-2 и го освои петтото место на Светското клупско првенство, кое се игра во Доха во Катар. Туниски Есперанс стана првиот клуб во историјата на ова натпреварување кој постигнал 6 гола на еден натпревар. Шпанецот Чави, кој е тренер на Ал-Сад, уште еднаш потврди дека многу подобро се снаоѓаше како играч, отколку како тренер.

Но, наместо во центарот на вниманието да биде Елхуни, кој направи хет-трик, главна вест по мечот се нередите кои ги направија фановите на Есперанс. Инцидентите почнаа кога полицијата и обезбедувањето не дозволија да биде истакнат транспарент на кој пишуваше „Е.. се ФИФА“.

Туниските навивачи и пред некој ден се тепаа на трибините, а денеска палеа и чадни бомби и факли. Поддршка за нив дадоа навивачите на Фламенго, кој пред половина час го почна полуфиналето против Ал-Хилал.

 

Во другото полуфинале, утре Ливерпул се среќава со Монтереј.

- Оглас -

Најнови вести