Естонскиот селектор признава: Кога Македонија ги внесе своите најдобри играчи беа многу поопасни

Селекторот на Естонија, Карл Волаид вели дека домаќините мора да бидат задоволни од освоениот бод против Македонија, ако се знае дека имаа 10 порази во последните 11 средби што ги одиграа.

„ Знаев дека против себе имаме добра репрезентација, а тие селекции знаат кога се во незавидна ситуација, да најдат решение. Ги натеравме да ги внесат своите најдобри фудбалери, кои направија промена. Тогаш Македонија беше многу поопасна кон нашиот гол. Можеме да бидеме разочарани, но мора да бидеме и задоволни од освоениот бод“, рече по мечот, предводникот на Естонија, Волаид.

Македонскиот селектор Игор Ангеловски по средбата изјави дека е разочаран затоа што Македонија не победи во Талин.

- Оглас -

Најнови вести