По точно 20 години поминати во дресот на Њу Ингланд патриотс, легендарниот НФЛ играч Том Брејди реши да го смени клубот. Брејди потпиша двегодишен договор за екипата на Тампа Беј баканирс. Договорот е двегодишен и вреден 60 милиони долари.
Американецот по име Марк се пофали дека едноставно успеал предвреме да погоди дека Брејди ќе ги напушти Патриотс и дека неговиот нов клуб ќе биде Тампа Беј. На една таква варијанта, обложувачот решил на два тикети да уплати по 500 долари, а тоа вчера му донесе вкупна заработка од нешто повеќе од 45.000 долари.
Can we make this happen already? (And play the season on schedule?) pic.twitter.com/YUYvL8V8eo
— Ed Teach (@edteach23) March 17, 2020
Откако трансферот се случи, обложувачот решил уште повеќе да вложи во ново интересно обложување. Марк типувал дека во новата сезона Тампа Беј ќе го освои конференциското финале во НФЛ, што би било навистина изненадување, ако се знае дека овој клуб воопшто не се пласирал во плеј-офот во последните 12 години.
TB stands for “Tom Brady Buccaneers” on these tickets. IMO odds better than 50/50 he ends up in TB. Major rift in NE. Better weapons, more money, easier path to SB, being “wanted.” I also think Brady would retire if he knew he was washed up, so Tampa is “live” if he signs. The… pic.twitter.com/Wta3KCP0or
— Ed Teach (@edteach23) March 16, 2020