Етеми е херојот на Истанбулспор – Со четвртиот гол во сезоната го „урна“ лидерот Анкарагучу

Валон Етеми е херојот на Истанбулспор откако на гостински терен го победија со 1:0 лидерот во турската втора лига, Анкарагучу.

Новопечениот македонски репрезентативец погоди во 23-та минута со што го постави конечниот резултат на оваа средба, иако Истанбулспор, во второто полувреме овој тим остана со двајца играчи помалку на теренот.

Сепак, тоа не им пречеше да дојдат до победа и до 39 бод сезонава со што се искачија на делба на четврттото место и си ги зголемија шансите за пласман меѓу најдобрите две екипи, кои што ќе изборат директен влез во турската Супер лига.

Едеми игра фантастично сезонава и покрај тоа што има четири гола зад своето име, тој има и седум асистенции со што е најдобар асистент во оваа лига.

- Оглас -

Најнови вести