Ето ги спореди Мурињо и Гвардиола – едниот освои и со Порто, другиот не можеше ни со Баерн

Некогашниот фудбалер на Барселона и Интер, Самуел Ето, со овие два клуба освои титули во Лигата на шампионите, но според него, многу подобар тренер имал во времето кога бил член на италијанскиот тим, иако во подобра форма беше како играч на Каталонците.

Во 2009 година Каталонците го купија Златан Ибрахимовиќ, а Ето од Барса премина во Интер, што се покажа како одличен потег. Ето со Интер ја порази Барса во ЛШ и така Камерунецот му се одмазди на тренерот Пеп Гвардиола.

За Ето, Жозе Мурињо, со кого соработуваа во Интер, е многу подобар тренер од Гвардиола и дека Португалецот го докажал тоа.

„Нема споредба. Само ќе кажам дека едниот не успеа да освои Лига на шампиони ниту со Баерн, а другиот освои, и тоа со Порто.  Тука сè е јасно“, порача Ето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести