Ето ја имаше „најлудата“ прогноза, ама погоди дека Мароко ќе ги исфрли Шпанија и Португалија

Пред почетокот на Светското првенство во Катар, многумина поранешни фудбалери, аналитичари, стручњаци даваа свои анализи и типови за тоа како ќе се одвива Мундијалот. Од сите прогнози, „најлудо“ беше прогнозирањето на Самуел Ето. Некогашниот најдобар африкански фудбалер, а сега претседател на фудбалската федерација на Камерун.

Ето типуваше дека во финалето ќе играат неговиот Камерун против Мароко, што за многумина беше дури и смешно. Камерун испадна во групната фаза иако го победи Бразил со 1:0, па тој дел од предвидувањето веднаш пропадна.

Сепак, кога се работи за предвидувањето околу успехот на Мароко, тука Ето беше безгрешен досега. Ето најави дека Мароково осминафиналето ќе ја елиминира Шпанија, а потоа во полуфиналето ќе биде подобра и од Португалија. Токму така и се случи. Мароко на пенали беше подобар од Црвената фурија, а потоа со 1:0 го елиминираа и Кристијано Роналдо со Португалија.

Типот на Ето беше дека Мароко во полуфиналето ќе игра против Франција, како што и се случува, а и тука Камерунецот дава шанса на Африканската селекција дека ќе се пласира во финалето.

- Оглас -

Најнови вести