Ето има најлуда прогноза за тоа кои ќе играат во финалето на СП во Катар!

Помалку од две недели остануваат до стартот на Светското првенство во Катар, а голем број фудбалски ѕвезди ги кажуваат своите прогнози за тоа што ќе се случи на планетарниот собир и која ќе биде селекцијата што ќе се искачи на светскиот трон.

Од сите досега дадени прогнози, најлуда е таа на некогашниот голгетер, Самуел Ето. Поранешниот напаѓач на Барселона и Интер сега е актуелен претседател на Фудбалската федерација на Камерун. Ето верува дека токму неговиот Камерун може да стане светски првак, и тоа откако во финалето ќе победи уште една африканска селекција, а тоа е Мароко.

„Пет африкански селекции ќе ја поминат групната фаза. Мислам дека во финалето Камерун ќе го победи Мароко. Мароканците во осминафиналето ќе ја исфрлат Шпанија, а потоа ќе бидат подобри и од Португалија и Франција. Што се однесува до нашите резултати, ние ќе бидеме подобри од Белгија во четвртфиналето и од Сенегал во полуфиналето“, вели Ето во својата неверојатна прогноза.

Според Ето, Камерун ќе го освои првото место во групата каде е заедно со Бразил, Србија и Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести