Ето: Меси треба да игра до 70 години

Еден од најдобрите африкански фудбалери на сите времиња, Самуел Ето, кој е амбасадор на Мундијалот во Катар 2022 година, посакува неговиот поранешен клупски колега од Барсеона, Лионел Меси, да игра уште долго.

„Лео е најдобар на светот, најдобар во историјата на фудбалот. Му треба помош, не може секогаш да трча како кога имаше 25 години, иако понекогаш изненадува со брзината. Потребно е клубот да му ги донесе најдобрите можни партнери во нападот и тој да продолжи да ужива во фудбалот. Меси мора да игра до 70-годишна возраст за сите да можеме да уживаме што е можно подолго“, вели Ето, кој со Барса двапати и еднаш со Интер ја освојуваше Лигата на шампионите.

Ето има две места на живеење, Катар и Милано. Како амбасадор на СП 2022, Ето смета дека светот ќе види многу новини и дека организацијата ќе биде беспрекорна.

Утре во Ла Лига, Барселона гостува кај Мајорка, двата тима кои Ето ги сака и два клуба во кои имаше среќни моменти откако не успеа во Реал Мадрид.

„Немам проблем со Реал Мадрид, ми дадоа шанса да станам фудбалер, но не ми дадоа шанса да играм за нив. Мајорка и Барселона се клубовите кои ги сакам, имав незаборавни сезони таму, а утре ќе навивам за двата тима“, вели Камерунецот.

- Оглас -

Најнови вести