Ето на еден фудбалски меч ќе ги собере Меси, Тоти, Пирло, Пипо Инѕаги…

Прославениот камерунски фудбалер Самуел Ето најави дека на 23 мај ќе организира хуманитарен натпревар на стадионот „Сан Сиро“ во Милано, на кој ќе учествуваат многубројни сегашни и поранешни фудбалери од светскиот фудбал.

Целта на мечот ќе бидат да се соберат финансиски средства кои ќе бидат наменети за неговата организација која се бори против расизмот. Дел од средствата ќе бидат наменети и за италијанската хуманитарна организација Slums Dunk, која преку кошарката настојува да помогне на сиромашните млади луѓе од Кенија преку Замбија, па сè до Аргентина.

Мечот кој го организира Ето треба да биде спектакуларен затоа што покани се упатени до: Лионел Меси, Франческо Тоти, Весли Снајдер, Андреа Пирло, Кларенс Сидорф, Пауло Дибала, Пипо Инѕаги и многу други.

„Спортот може да направи многу работи кога се работи за човечка интеграција. Спортот е важен за секоја личност, а јас во текот на кариерата имам доживеано многу расистички напади и против тоа мора да се бориме. Верувам во мултикултуралност“, рече Ето.

Еден од најдобрите напаѓачи во изминативе две децении кариерата ја заврши во 2019 година, а играше за гиганти како Реал Мадрид, Барселона, Интер, Челзи, а бил дел и од екипите на Анжи, Евертон, Сампдорија, Анталијаспор, Коњаспор, а последен пат играше во дресот на Катар СЦ.

- Оглас -

Најнови вести