Еуфорично го славеа излезот во Европа, а сега имаат големи проблеми

Завршницата на шпанското првенство беше возбудлива, а во последното коло Осасуна беше екипата која успеа да обезбеди место во Конференциската лига на УЕФА. Осасуна доби место во Европа благодарение на титулата на Севиља во Лигата на Европа, што автоматски донесе место во Лигата на шампионите за овој клуб.

Осасуна цели 16 години чека настап на европска сцена, а по завршувањето на последното коло, еуфорично се славеше во Памплона. Сепак, може да се случи Осасуна да не игра во Европа и тоа поради кршењето на дисциплински и административни прописи.

Примера дивисион во наредните денови заедно со арбитражното тело ќе ја прегледува комплетната документација на Осасуна. Ако се докаже дека имало кршење на одредени правила, Осасуна ќе биде дисквалификувана од Европа.

Ако тоа се случи, Осасуна може во следната сезона да почне со минус поени. Доколку Осасуна биде исфрлена од Конференциската лига, во Европа ќе игра тимот на Атлетик Билбао.

Колку за потсетување, Во Лигата на шампионите ќе играат Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Реал Сосиедад и Севиља. Во Лигата на Европа ќе играат Вилјареал и Бетис, а допрва ќе се знае патникот во Конференциската лига на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести