Еуфорија на Фарските острови: Навивачите со факели ги пречекаа своите херои (Видео)

Шампионот на Фарските острови, КИ Клаксвик, направи вистинска сензација откако го елиминираше Ференцварош од Лигата на шампионите и тоа со победа од 3-0 на гостински терен.

Клубот доаѓа од малото место Клаксвик кое има само 4.800 жители, а целата држава, која во суштина и не е држава, туку автономна територија на Кралството Данска, има околу 50.000 жители.

Навивачите на овој клуб им приредија вистинско шоу, момент кој веројатно сите фудбалери на КИ Клаксвик ќе го паметат додека се живи.

- Оглас -

Најнови вести