Еурофарм Работник се прости од ова име и од Лигата на шампионите

Еурофарм Работник во Битола ја совлада Бидасоа со 25-23 и со својата трета победа, се простија од настапите во Лигата на шампионите, а најверојатно се простија и од ова име, па во иднина (би требало првпат тоа да се случи во вторник против Загреб во СЕХА лигата) ќе настапуваат како Еурофарм Пелистер.

За разлика од многу претходни мечеви сезонава кога губеа минимално, овојпат битолчани одиграа добро во финишот и извојуваа тесна победа. Остроушко со 8 гола беше прв стрелец во македонскиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести