0.8 C
Skopje
недела, 21 декември 2025

Еве каде отидоа македонските гласови за „Златната топка“ (Фото)

Гласовите од Македонија за „Златна топка“ традиционално ги доделува весникот „Вечер“, па новинарот Марио Сотировски ја имаше честа и годинава да додели пет гласови.

Сотировски најмногу поени му даде на Италијанецот Жоржињо, а од второ до петто место ги смести Кевин Де Бројне, Лионел Меси, Ерлинг Халанд и Симон Кјаер.

На листата го нема Роберт Левандовски кој заврши како второпласиран со 33 гласови помалку од освојувачот Меси, а трети беше фаворитот на Сотировски за 2021 година, Жоржињо, фудбалер кој годинава ги освои Лигата на шампионите и Европското првенство.

- Оглас -

Најнови вести