Евертон не бил вака очаен од 1994 година – Астон Вила се враќа со три бода од „Гудисон парк“ (ФОТО)

Првиот натпревар од новото, 23-то коло во Премиер лигата го доби екипата на Астон Вила која што славеше на гостувањето кај Евертон со 1:0.

Со погодокот на Емилијано Буендија во 44-та минута, гостите ги обезбедија трите бода и со тоа ја продлабочија и онака големата криза во Евертон.

„Карамелите“ од Ливерпул имаат само пет освоени бодови на последните 12 одиграни средби во најсилната лига во Англија и тоа им е најлош скор од 1994 година кога од толкав број на натпревари освоија четири бода.

Од друга страна, тимот кој што го води Стивен Џерард продолжува со формата во нагорна линија откако пред шест дена успеа да стигне негатива од два погодоци против Манчестер јунајтед и да одигра 2:2.

Астон Вила со оваа победа има 26 бода и е точно на средина на табелата, додека Евертон остана на бројката од 19 и е на 16-то место.

- Оглас -

Најнови вести