Евертон со 1400 гола во ПЛ, Анчелоти остана непоразен против новопромовираните екипи (видео)

Евертон со минималните 1-0 на гостувањето кај Шефилд јунајтед им се реваншираше на Сечилата за поразот на стартот од сезоната во Премиер лигата. Ричарлисон го реализира јубилејниот 1400-ти погодок за Карамелите во англиското првенство, со кој му помогна на менаџерот Карло Анчелоти да го одржи рекордот против новопромовираните екипи.

Анчелоти остана непоразен и во 15-тиот премиерлигашки меч против тим кој настапува во лигата по промоција од вториот ранг, а учинокот го подобри на 11 победи и четири ремија.

https://twitter.com/LivePLgoals/status/1285275358858797068

Шефилд на едно коло до крајот на шампионатот загуби клучен дуел во битката за пласман во Лигата на Европа, а Евертон и со триумфот нема шанси да влезе во топ-10, со Саутхемптон имаат по 49 бода и ја делат 11-тата позиција на табелата.

Брајтон и Њукасл ремизираа без голови.

- Оглас -

Најнови вести