Евет ја оствари првата цел со Болтон, сега сака да ја “избрише“ културата на навивање за најголемиот ривал

Иан Евет одлично го предводи Болтон вондерерс од клупата и е на прагот заедно со своите избрабици да се радува на промоција во Лига 1 во Англија, но го мачи една интересна ситуација.

Прв сосед и најголем ривал на Болтон е гигантот Манчестер јунајтед, а во регионот очекувано Црвените ѓаволи имаат фудбалски монопол во навивачка смисла.

За навивачите на Болтон Црвените ѓаволи се најголемиот нивни ривал, но за симпатизерите на најтрофејниот англиски клуб таканареченото Големо манчестерско дерби меѓу двата клуба речиси и воопшто не предизвикува некакво посебно внимание, што е логично со оглед на традицијата, реномето на двата клуба и особено колекцијата со трофеи.

Евет си постави за задача да се обиде да ја смени културата на навивање, што и во Болтон е апсолутно манчестерска и е во знакот на црвената боја на најтрофејниот англиски клуб.

„Една од моите главни цели е да се обидеме да го сопреме трендот наввивачите од Болтон и блиската околина да навиваат за Манчестер јунајтед. Сон ми е децата да го носта дресот на Болтон, а не на Манчестер јунајтед“, изјави Еват.

Денеска со победа против Ексетер на домашен терен Вондерерс можат да се промовираат во нови членови на Лига 1 во Англија, а за поанешниот премиерлигаш се чини многу потешка ќе биде мисијата што ја најави Еват, да ја сопрат, или сменат манчестерската култура на навивање во Болтон.

 

- Оглас -

Најнови вести