Евра рече доста е по 20 години фудбал и 21 трофеj

Патрис Евра на 38 години одлучи да се повлече од активното играње фудбал. Французинот стави крај на дведецениската кариера која ја украси со 21 трофеј и своевремено беше еден од најдобрите леви бекови во светот.

Евра минатата сезона остана без ангажман по истекот на соработката со Вест хем, а бидејќи не можеше да најде адекватен клуб, одлучи да се пензионира. Најубавите денови ги мина во дресот на Манчестер јунајтед, каде што освои вкупно 15 трофеи, меѓу кои најважните му се петте титули во Премиер лигата, како и Лигата на шампионите од 2008 година. Трофејната кариера ја збогати играјќи и за Јувентус, освојувајќи три последователни титули во Серија А, а потоа се врати во родната земја и заигра за Олимпик Марсеј.

Токму како член на Марсеј, Евра си го извалка името откако нападна навивач на клубот по протестите кои се случуваа на „Велодром“, а набрзо потоа доби и отказ. Во Премиер лигата се врати како играч на Вест хем, а за Чеканите запиша само пет настапи. Во тој период беше обвинет за навреда кон ЛГБТ-заедницата, а се памети и судирот со Луис Суарес од пред неколку години, кога Уругваецот во дербито меѓу Ливерпул и Јунајтед го навредуваше поради бојата на кожата.

 

- Оглас -

Најнови вести