Еврогол на Дибала, рекорд на Роналдо, гол на Игуаин, триумф на Јуве над Лече (Видео)

Пауло Дибала со мајсторски удар го даде својот 50-ти гол на домашен терен како играч на Јувентус, а Кристијано Роналдо од пенал ја најавија победата на Јуве над Лече од 4-0. Во финишот, повратникот Игуаин и дефанзивецот Де Лихт ги поставија конечните 4-0. Сега пред Лацио да го одигра својот меч, Јуве има предност од седум бода пред најблискиот ривал на десет кола до крајот на сезоната во Серија А.

Роналдо сега има дадено гол против 20 тима во Италија против кои играл како член на Јуве, а настапил против 21 екипа.

На 32 меча против Лече во Серија А, Јуве има 20 победи, осум нерешени и само четири порази. Уругваецот Родриго Бентанкур го запиша својот 100-ти настап во дресот на Јувентус, во сите натпреварувања.

Лече од 31-ва минута беше со човек помалку на теренот. Фабио Лучони доби црвен картон, и тоа е четврто исклучување за Лече сезонава. Повеќе од нив сезонава има само Џенова.

Ова е евроголот на Дибала:

- Оглас -

Најнови вести