Евроголот на Брдаровски не спречи пораз на Вардар за крај на подготовките (Видео)

Вардар загуби од словенечката Мура со 1-3 и резултатски на неславен начин ја заврши серијата пријателски натпревари за време на подготовките во Анталија. Голот за Вардар беше дело на Владица Брдаровски, кој во 38-мата минута испрати прекрасен прецизен удар во горниот агол и му донесе предност на тимот на тренерот Александар Васоски.

Сепак, по серијата измени, во финишот Словенците се снајдоа подобро, па во последните 15-тина минути со два гола на Шушњара и еден на Бубњар се случи пресврт. На голот на Вардар беше Филип Гачевски, кој кариерата ја почна токму во Мура.

Вардар не победи на ниту еден меч во Анталија, на некои дуели противниците беа пресилни, на други тимот играше во комбиниран подмладен состав, вистинското лице треба да се покаже кога ќе продолжи првата лига, во која вардарци се првопласирани.

- Оглас -

Најнови вести