Еврокупот направи противници од македонските репрезентативци

Македонските репрезентативци Ненад Димитријевиќ и Џејков Вајли ќе се сретнат во групната фаза во новата сезона од Еврокупот. Денешната ждрепка ги спои Валенсија и Будуќност во групата Б, екипите на нашите носители на македонската кошаркарска селекција.

Натурализираниот Македонец со јадранскиот вицепрвак доби шанса да ги одмери силите и против својот екстим, Гран Канарија, додека Нено со Лилјаците го избегна својот поранешен клуб Хувентуд, кој ќе игра во групата А.

Димитријевиќ и Вајли во групата Б ќе се сретнат уште со Промитеас, Виртус Болоња, Цедевита Љубљана, Бурж, Улм, Бурсаспор и Венеција.

- Оглас -

Најнови вести