Европа му се смешка на Лил

Лил стигна до 14-тата победа во француската Лига 1 откако со убедливи 4-0 ја совладаа Ница. „Данските доги“ со оваа победа се зацврстија на второто место со вкупно 46 бода, 10 помалку од лидерот ПСЖ, но шест повеќе од третопласираниот Лион, па на 15 кола до крајот веруваат дека можат да го одржат овој ритам и да обезбедат излез во Европа, поточно учество во Лигата на шампионите.

Во седмата минута Леао ја отвори средбата, точно половина час подоцна Пепе зголеми на 2-0, Бамба во 75-тата минута ги реши сите дилеми, а Реми во судиското надополнување додаде сол на раната на Ница.

Импресивно е што овој клуб лани се бореше да опстане во француската елита, откако првенството го завршија на 17-тото место со еден бод повеќе од екипите кои се најдоа во зоната за испаѓање, а по нецела година Лил сега се бори да се врати во најатрактивното европско клупско натпреварување по шест години пауза.

- Оглас -

Најнови вести