Европа повеќе од 20 години немаше видено чудо како она во Бергамо

Аталанта синоќа ја растури Болоња постигнувајќи четири гола во првите 15 минути од натпреварот, и тоа беше прв натпревар во Серија А на којшто една екипа дала четири гола во толку краток период по почетокот на средбата. Претходниот случај беше во далечната 1932 година, кога Јувентус во првите 15 минути даде четири гола против Рома.

И во останатите три најсилни лиги во Европа се случувале вакви подвизи, но исто така одамна.

Во англиската Премиер лига, четири гола за една екипа во првите 15 минути последен пат паднале на дуелот помеѓу Дерби каунти и Лестер во 1998 година (гостите имаа „покер“).

Во шпанската Ла Лига, ваков случај немало од 1971 година наваму, кога Реал Сосиедад му даде брзи четири гол на Бетис во победата од 6-0.

Во германската Бундеслига, во 1964 година Ајнтрахт во првите 13 минути губеше 0-4 против Карлсруе (мечот заврши 7-0 за гостите).

 

- Оглас -

Најнови вести