Европски првак се тресеше од играч што не мина на проба во Вардар

Алашкерт не успеа да приреди чудо на годината и остана кус за еден гол во двомечот со Стеауа, иако победи вечерва во Букурешт со 3:2.

Екипата што во претходното квалификациско коло ја елиминира Македонија Ѓорче Петров и тоа убедливо, пристигна во Букурешт во комплетно загубена ситуација и со пораз на домашен терен од 0:3.

Но, поранешниот европски првак долго се тресеше и стравуваше за пласман понатаму, а брилијантен меч одигра Густаво Марментини. Бразилецот кој беше на проба во Вардар на почетокот на ланската година постигна два гола и имаше една асистенција, а Алашкерт водеше со 3:1 по првото полувреме и имаше играч повеќе.

На Ерменците им требаше само уште еден погодок за да направат првокласна сензација и да анулираат огромна негатива од три гола, по првиот меч, но чудо не се случи.

Коман намали на 2:3 во 59. минута, а потоа токму Марментини беше исклучен, па остана пирова победата од 3:2 на Алашкерт на гостинскии терен, против првата екипа од Источна Европа што ја освои шампионската титула во Купот на европските шампиони.

- Оглас -

Најнови вести